среда, 4 декември 2024

Норвешкиот парламент им се извини на домородците за политиката на присилна асимилација

Норвешкиот парламент му се извини на домородното население во земјата за политиката на присилна асимилација, која траеше повеќе од еден век.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Парламентот изрази длабоко жалење за неправдите направени врз Лапонците, етничкото малцинство Квени и Шумските Финци и ја усвои одлуката за формирање центар за работа на помирување.

Извинувањето не беше поддржано од десничарската партија Прогрес, објави Гардијан.

Шумските Финци се фински доселеници и потомци на доселеници од Савонија и северна Тавастија во Финска, кои се населиле во шумските региони на Шведска и Норвешка од крајот на 16 до средината на 17 век.

Норвешката политика на присилна асимилација вклучувала државни интернати каде што јазиците на малцинствата биле забранети, како и принудно преселување на селата, што станало официјална политика од 1851 година.

Иако политиката беше постепено укината во текот на 1960-тите, голем дел од стратегијата продолжи и во 1980-тите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ