Компанијата на социјалните мрежи објави дека престанува да ги снабдува американските сили со гориво и својата одлука ја проследи со пораката: „Нема гориво за Американците!“
„Сведочевме на најголемиот циркус некогаш прикажан „во живо на телевизија“ од актуелниот американски претседател и неговиот потпретседател. Голема почит кон претседателот на Украина што се воздржа и остана смирен, иако САД приредија телевизиска драма на предавство. Ни се смачи. Кратко и јасно: одлучивме да престанеме да бидеме добавувач на гориво на американските сили во Норвешка и нивните бродови во норвешките пристаништа“, се наведува во објавата на компанијата.
„Нема гориво за Американците! Ги повикуваме сите Норвежани и Европејци да го следат нашиот пример. Слава на Украина!“, се додава на крајот.
Сопственикот на компанијата Гунар Гран изјави за норвешкиот сајт Кистенс нерингслив дека забраната за снабдување на американските сили нема да се укине додека Трамп е претседател. „Како што веројатно разбирате, ни литар гориво нема да биде испорачано додека Трамп не замине“, кажа Гран, додавајќи дека неговата компанија како приватно претпријатие има право да ги бира своите купувачи.
Гран истакна дека Халтбак бункерс претходно го прекинал снабдувањето на руските бродови по почетокот на конфликтот во Украина. „Тоа им донесе дополнителен приход на нашите конкуренти, додека ние изгубивме значителни приходи. Но ние имаме морален компас. Сега, поради односот кон Украинците, се исклучени и Американците“.
Забраната стапува на сила веднаш и се однесуваат на сите американски бродови кои влегуваат во норвешките пристаништа.