Макс Ферстапен изминативе три години редовно победуваше на домашната трка во Зандворт, но актуелниот шампион денеска не можеше да му парира на Ландо Норис.
И покрај тоа што Холанѓанецот ја поведе трката по лошиот старт на Ландо Норис, беше на чело на колоната до кругот број 18, потоа напред изби возачот на Мекларен и во ниту еден не дозволи да биде загрозена неговата позиција.
Како одминуваше времето, тој само ја зголемуваше предноста и на крајот мина прв низ целта со 22 секунди предност во однос на Макс Ферстапен.
Зад нив, Шарл Леклер имаше квалитетна трка и успеа да се искачи на последното место на пиедесталот, одолевајќи на притисокот од Оскар Пиастри.
Неговиот тимски колега, Карлос Саинц исто така имаше ипресивен настап и финишираше како петти, пред Серхио Перез.
Во бодови уште завршија Џорџ Расел, Луис Хамилтон, Пјер Гасли и Фернандо Алонсо.