Англичаните среќни што играле само со Северна, а не со цела Македонија! (ФОТО)
1700559955

Насловната страница на денешното печатено издание на весникот „Мирор“ е посветена на мечот меѓу Македонија и Англија. 

„Фала му на бога што не требаше да играме против цела Македонија“, стои на насловната страница на англискиот весник.

s

Идејниот творец на насловот алудира на додавката Северна пред името на нашата држава, сакајќи да долови поента дека играле само со дел од Македонија и пак не успеале да победат, па сигурно би загубиле ако играле против целата Македонија.