Хезболах го нападна Израел со дронови и ракети, има жртви
Фото: ЕПА
1700517872

Објавено е дека артилерискиот оган бил насочен на позициите на израелските војници во таа област. Неколку израелски воени позиции во близина на границата се гаѓани со ракети „буркан“. Наведено е дека во нападите има жртви. Израелската војска го потврди нападот и тоа дека од либанска страна се испукани 25 ракети.

Како одговор на нападите од Либан, израелските сили ја гаѓале „терористичката инфраструктура на Хезболах“ со артилерија, борбени авиони и хеликоптери.

Лидерот на Хезболах Хасан Насралах кажа на 11 ноември дека неговите борци користат ново оружје, вклучувајќи ракети „буркан“, кои можат да носат од 300 до 500 килограми експлозив.

Во секојдневната размена на оган долж границата со Либан се убиени најмалку 90 луѓе, главно борци на Хезболах, но и 11 цивили. Од израелска страна загинале девет лица, од кои шест војници.