Ивановски го помина кинескиот тенисер Баи кои при 1-1 во сетови го предаде мечот.
Кинезот поведе во првиот сет кој го доби со 6-4, вториот го доби Ивановски со 7-5, на почетокот од третиот Баи предаде.
Прв противник на македонскиот тенисер на главниот турнир ќе биде Белгиецот Зизу Бергс кој е на 180. позиција на АТП листата. Натпреварот ќе се игра вечерва, во 2 часот по полноќ по средноевропско време.