Лос Анџелес Лејкерс дојде до четвртата победа во последните пет натпревари, а убедливо најдобар поединец на теренот беше Леброн Џејмс. Тој реализираше 37 поени, имаше осум асистенции, шест скокови и три украдени топки. Оваа сезона тоа е негов најдобар ефект иако е веќе петти натпревар на кој постигнува 30+ поени.
Покрај Леброн, на натпреварот со Хјустон се истакна и Ентони Дејвис со 27 поени и 10 скока, а Остин Ривс додаде 17 поени, вклучувајќи исклучително важна тројка во финишот. На спротивната страна, Дилон Брукс постигна 24 поени, а Алперен Шенѓун додаде 23 поени и 10 скока.
Денвер загуби на гостувањето кај Кливленд со 121-109. Јокиќ на овој меч имаше проблем со лични грешки, одигра 27 минути, постигна 18 поени, имаше и десет скокови.
Загуби и Далас кај Сакраменто со 129-113. Дончиќ постигна 25 поени, имаше и десет скокови. Најдобар на теренот беше Сабонис со 32 поени и 13 скокови.
Резултати:
Бруклин - Филаделфија 99-121
Торонто - Детроит 142-113
Индијана - Орландо 116-128
Кливленд - Денвер 121-109
Далас - Сакраменто 113-129
Јута - Феникс 137-140
Мемфис - Бостон 100-102
Портланд - Оклахома 91-134
ЛА Лејкерс - Хјустон 105-104