Две лица се повредени откако воз удрил во комбе кај Лопате
1700457803

„Несреќата се случила во 5.50 часот, кога локомотива удрила во патничко моторно возило комбе. Две лице се полесно повредени и пренесени се во Општа болница Куманово. Железничкиот собраќај е нормализиран во 09.45 часот и функционира редовно и без застој. Оштетено е само комбето, додека матерјална штета на пругата нема“, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК) Куманово.