Во Гранада со дрон се „ловат“ прекршоците на возачите
1700456641

Овој дрон почнал да го следи непрописното паркирање на почетокот на годината, но тогаш локалната полиција сѐ уште не ги санкционирала прекршоците. Сега почнале со казните.

Полицијата во Гранада се пофали со работата на нивната единица Фалкон. Дронот детектира жена како вози со телефон во рака, а неколку секунди подоцна и уште еден автомобил како вози на автобуската лента. Двајцата возачи биле казнети за само 40 секунди, а локалната полиција со тоа се фали на социјалните мрежи.

Беспилотните летала можат да го следат речиси секој прекршок благодарение на нивната локација. Можат да се искачат до 120 метри, а единственото нешто што моментално им недостига е радарот, па казните за брзо возење моментално им се недостапни.