Грција повторно на удар на невреме: „Евија е како Венеција“ (ВИДЕО)
Фото: ЕПА
1695853644

Војската и општинските екипи ги исчистиле патиштата во близина на градовите Лимни и Мантуди погодени од поплавата на северот на островот, каде пожарникарската служба примила десетици повици за помош од поплавените домаќинства.

Властите остануваат во готовност во централна Грција и на блиските острови каде огромно невреме предизвика штета претходно месецов и уби 16 луѓе.

Владата соопшти дека првичната проценка на штетата надминала две милијарди евра, при што се очекува само поправката на инфраструктурата да чини речиси 700 милиони евра.

„Повторно ќе го кажам она што е очигледно: зачестеноста на (временските) напади поради климатската криза е нешто што од нас бара да ја интегрираме цивилната заштита (во нашиот одговор“, кажа грчкиот премиер Киријакос Мицотакис по вчерашниот состанок на владата.

Тој кажа дека прилагодувањето на климатската криза е основниот приоритет на грчката политика. Се очекува времето да се подобри во петок.