На видеото се гледа како животното јаде енчилада и тако на масата, на само неколку сантиметри од луѓето кои смрзнато седат мирни да не ја вознемират мечката и да ја поттикнат на напад. Мечката во еден момент се приближува доста близу до жената која со рацете го покрива лицето на детето.
Видеото објавено на социјалните мрежи веднаш стана вирално и собра повеќе од 10 милиони прегледи на Тикток. На веб-страницата на паркот се предупредува дека сѐ почести се блиските средби со мечките. Посетителите се предупредуваат дека во парковите, населбите и улиците во областа околу градот Монтереј се почесто се гледаат мечки, а ризикот за луѓето, но и за мечките се зголемува.
Паркот објави и низа препораки, во кои детално се наведува што да правите, а што да не правите ако наидете на мечка. Една од препораките вели дека „никогаш не треба да се обидувате да фотографирате мечка одблиску“.