За едно деноноќие ЦУК регистрирал 33 пожари, три се сѐ уште активни
1695803615

Карактеристично, за вчерашните пожари, велат од ЦУК е што нивното појавување почнало од 13:15 часот. Тогаш наеднаш се пријавени три пожари,  два во скопско и еден во струмичко, а поголемите пожари почнале на крајот на денот и доцна во ноќта, а последниот вчерашен бил пријавен во 23:20 часот - пожарот над село Новоселани во правец кон село Лепопелци во општина Чешиново-Облешево.

При вчерашните пожари горела сува трева, ниска вегетација, мешана и борова шума, а и прагови на железничка пруга.

Конкретно, при пожарот што започнал околу 14:30 часот и сѐ уште е активен, кај село Слепче во општина Долнени била зафатена ниска вегетација, грмушки и дел од праговите на железничката пруга. Заради опожарување на железничките прагови, а и заради работа за промена на истите, железничкиот сообраќај Скопје – Битола – Скопје, не се одвива.

Покрај овој пожар кај село Слепче, активни се уште два, во општина Прилеп, кај село Алинци, каде што горела сува трева и ниска вегетација и во Општина Сарај, кај село Радуша при што прво горела депонија, а потоа пожарот се раширил во околната вегетација и во Општина Долнени, кај село Слепче, каде што гореле сува трева, грмушки и железнички прагови.  Заради опожарување на железничките прагови, односно поради промена на истите, железничкиот сообраќај Скопје – Битола – Скопје, не се одвива.

Денеска пак, рано утрово, е пријавен пожар во 06:50 часот. Конкретно, Регионалниот ЦУК Куманово извести дека пожарникарите од Територјалната противпожарна единица ТППЕ Крива  Паланка од 06:50 часот, со четири пожарникари и со едно противпожарно (ПП) возило интервенираат на пожар кај село Градец, каде што гори сува трева и борова шума.

ЦУК апелира до граѓаните, да се воздржат од палење огнови на отворено и да не палат отпадоци дури и во нивните дворови, бидејќи ветерот многу лесно може огнот да го пренесе на околната вегетација што е многу сува, а е и многу нарасната оваа година.

Фото: Архива