Како што пренесе Ројтерс, по сослушувањето, кое беше затворено за медиумите, и покрај протестите на Навални и неговите адвокати, судијата Виктор Рогов го прочита списокот со обвиненија против опозиционерот и му рече дека казната му останува непроменета.
Сега се очекува Навални (47) да биде пренесен во затворска колонија со „специјален режим“, што е најстрого ниво на таква институција според руските закони.
Во петокот беше одбиена и жалбата на Данијел Колодни, телевизиски техничар што работеше за Навални, а кој е осуден на осум години.