Админот на ТикТок профилот на Наполи, ќе го избрка Осимен од клубот (ВИДЕО)
1695799034

Админот на ТикТок профилот на Наполи објави видео во кое го трола Виктор Осимен. Видеото брзо потоа беше избришано, но некои го симнаа па уште е вирално на социјалните мрежи.

Ова не му се допаднало на Осимен, па неговиот агент најави тужба.

„Тој што се случи денеска на официјалниот ТикТок профил на Наполи е неприфатливо. Беше објавено видео кое го исмејува Виктор, а потоа, но веќе доцна беше избришано“, вели агентот.

„Сериозен факт кој предизвикува многу сериозна штета на играчот и го надополнува третманот кој го трпи момчето во последниот период меѓу медиумските осудувања и лажните вести“.

„Го задржуваме правото да преземеме правни дејствија и каква било друга корисна иницијатива за да го заштитиме Виктор“.

Утринава Осимен ги избриша речиси сите слики во дрес на Наполи од својот инстаграм профил. Тоа значи дека напаѓачот веќе размислува за заминување од клубот.