Милик донесе победа за Јувентус, прв пораз на Лече (ВИДЕО)
1695761479

Алегри реши за овој меч да го остави Влаховиќ на клупата, а на негово место во нападот да почне со Милик и тоа се покажа како вистински потег.

Во 57. минута Аркадиуш Милик се најде на вистинското место и погоди за водство на Јувентус од 1-0, што на крајот беше и конечен резултат.

Со ова беше ставен крај на серијата без пораз на Лече оваа сезона кои го имаа најдобриот старт во Серија А во нивната историја.