Германската индустрија исчезнува
Фото: ЕПА
1695760867

„Создавањето вредности, работењето и работните места во голем дел од енергетски поинтензивната индустрија се во опасност на локации во Германија“, порача денес претседателот на Сојузот на германски индустријалци (БДИ) Зигфрид Русвурм.

Индустриското производство исчезнува или се сели во странство, истакна Русвурм. „Светлата буквално се гасат на повеќе локации во Германија“, додаде тој.

„Индустријата сака да ги достигне климатските цели, но ѝ се заканува пропаст бидејќи е è помалку конкурентна, а нема сигурна основа за планирање“, објасни лидерот на ВДА.

„Претприемачите можат успешно да работат и вложуваат само ако рамковните услови се предвидливи, а нивната позиција со трошоците е конкурентна. Во последно време сè помалку можат да се потпрат на тие два услови“, кажа тој.

На индустријата ѝ требаат сигурни проценки на вкупните трошоци за зелената транзиција, прецизира тој, издвојувајќи ја „сериозната проценка на трошоците за струја од 2030 година“.

„Германија мора да ги задржи хемиската и индустријата за челик и останатите гранки на основната индустрија за трајно да ги задржи знаењето и работниците и да биде спремна за нови фази на создавањето вредности“, истакна Русвурм.

„Тоа нема врска со неекономичните, грчевити обиди да се задржи застарената индустрија“, тврди тој.

„Губењето на индустриската компетентност би било кобно за Германија и нејзината позиција на индустриска, извозно ориентирана земја на иновации, а не би претставувало ни добивка за заштитата на климата на Земјата“, додаде Русвурм.