Владата одлучи да издвојува пари за „Детска недела“
1695748055

„За време на траењето на „Детска недела", од 2 до 9 октомври 2023 година, предвидено е да се издвојуваат: од секој продаден влезен билет за театар, кино, уметничка изложба и други културни манифестации  5,00 денари; од секоја поштенска пратка во внатрешниот сообраќај, освен на печатени работи 2,00 денара; од секој влезен билет на спортски натпревари и други спортски приредби  5,00 денари, од секој продаден возен билет во железничкиот и автомобилскиот, меѓународниот, меѓуградскиот сообраќај 5,00 денари, од секој продаден возен билет во авионскиот сообраќај 50,00 денари, од секој продаден облик на електронски музички и видеозапис, видео касета и друго 5,00 денари. Од плаќањето се исклучени изложбите, приредбите и другите културни манифестации организирани од страна на ученици и студенти во јавни установи.

Во време на траењето на манифестациите посветени на децата се организираат културни, забавни, образовни, спортско-рекреативни, активности од областа  на екологијата и други активности посветени на децата“, наведуваат од Владата.