Новости: Лавров му кажа на Вучиќ дека Западот никогаш нема да му го прости говорот во  ОН
Фото: ЕПА
1695572025

Лавров ова го кажал откако Вучиќ во својот говор ја повика меѓународната заедница да им се врати на основните принципи што се наведени во Повелбата на ОН, на која се обврзаа сите членки на Обединетите нации.

Тој потсети дека речиси сите големи западни сили ја погазија споменатата повелба на примерот на Србија во 1999 година, кога без согласност на Советот за безбедност на ОН одлучија да ја бомбардираат земјата.

Тој укажа и на лицемерноста на Западот во врска со прашањето на Украина и заштитата на нејзиниот територијален интегритет, додека тоа на примерот на Србија не го бараа ниту го заштитија.

Затоа Вучиќ ги повика земјите да ги почитуваат принципите за сите, па тие да важат и за големите и за малите држави.