Полицијата казни 223 несовесни возачи
1695110351

Од нив, како што известуваат денеска од МВР,  девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 117 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 106 надвор од населено место.

„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи“, велат од МВР.