Голема афера во Полска со шенгенските визи: „Ова е најголемиот скандал во 21 век“
Фото: ЕПА
1695062763

„Ова е најголемиот скандал во Полска во 21 век“, кажа лидерот на опозицијата и кандидат на либерално-конзервативната Граѓанска платформа (ПО( на претстојните избори Доналд Туск коментирајќи го отворањето на истрагата против седуммина припадници на полската дипломатија и апсењето на три лица осомничени за мито и корупција во врска со издавањето на шенген визите.

Туск и некои опозициски медиуми, како дневникот Газета виборча, зборуваат за издавање над 250.000 работни визи за Полска, а со тоа и за шенген зоната, кои во последните 30 месеци биле издадени во дипломатските претставништва на Полска во Африка и Азија. На крајот на август без објаснување беше отпуштен заменик министерот за надворешни работи задолжен за конзуларните претставништва Пјотр Вавржик, а неговиот оддел беше претресуван од полската антикорупциска агенција ЦБА.

Според медиумите, за издавање визи за шенген зоната поднесувачите на барањата во Индија плаќале и до 40.000 евра. Според истите извори многумина со полски визи преминале во Германија. Туска на владејачката партија Право и правда (ПиС) ѝ префрли за лицемерие поради тоа што една страна го блокира компромисот во Европската Унија за политиката кон азилантите, а од друга страна нејзините дипломати за мито издаваат бесправни визи.

Неколку недели пред изборите во Полска владејачката ПиС ги отфрла обвинувањата на опозицијата и дел од медиумите. „Нема тука никаков скандал. Станува збор за глупава и криминална идеја на неколку лица кои немаат врска со владата“, изјави лидерот на владејачката партија Јарослав Качињски.