„Руската економија го издржа надворешниот притисок на Западот“, кажа Путин обраќајќи се преку видеоврска на состанокот за нацртот на сојузниот буџет за 2024, 2025 и 2026 година.
„Економската ситуација во земјата е стабилна и врамнотежена. Отпорноста на руската економија е за пофалба. Бруто домашниот производ на Русија достигна ниво кое последен пат е забележано во 2021, а владата е спремна да создаде услови за понатамошен стабилен и долгорочен развој“, кажа Путин.
ЕУ од почетокот на конфликтот во Украина минатата година договори 11 пакети санкции против Русија. Тие се воведени во форма на економски санкции, индивидуални санкции и визни мерки. Минатата недела САД исто така воведоа санкции за повеќе од 150 поединци и ентитети поврзани со Русија.
Санкциите од Западот беа воведени со надеж дека ќе ја уништат руската економија, но благодарение на руските резерви гас и нафта, економијата на Русија речиси не ги ни почувствува. Денес Полска предложи новите санкции на ЕУ против Русија да вклучуваат забрана на руските дијаманти и течен нафтен гас (ЛПГ).