Поранешниот директор Јовев со глава го удрил сегашниот директор на Кардиохирургија
1695050704

Во СВР Скопје добиена е пријава за случајот. Известен е и јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот.

За инцидентот информира и Министерството за здравство. 

„Министерството за здравство ја имформира јавноста дека денеска на Клиниката за кардиохирургија се случил инцидент за што е известена полицијата. Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити е запознаен со настанот од здравствените работници побара совесно и професионално однесување и да се посветат на пациентите“, се вели во реакцијата на МЗ.

Во изјава за „окус“ Јовев демантира: „Не е точно дека јас сум нападнал некого. Нападoт е најдобра одбрана. Практично, јас пријавив вербален напад и само буткање во кое имам повреда на окото од лупите на колегата. Тој што сум пријавил сум јас. Сè останато може да е монтажа, како и таа досега во последните неколку месеци. Јас лежам на Кардиологија заради стрес. Инаку, сум жртва на секојдневен мобинг“, вели Јовев

МКД.мк пишуваше за однесувањето на Јовев за време на неговото директорување кон дел од вработените.