Министерство за култура: До крајот на годинава ќе се исплатат сите обврски кон македонскиот филм
1695050267

„Во моментов во собраниска процедура е донесување на одлука за прераспредба на средства помеѓу буџетските корисници и фондовите. По нејзино усвојување, Министертвото за култура до крајот на буџетската година ќе ги преземе сите активности за исплата на обврските согласно склучените договори, меѓу кои и кон Агенцијата за филм“, стои во соопштението од Министерството за култура.

Развојот на македонската филмска дејност во време кога македонските филмови и особено младите режисери остваруваат големи меѓународни успеси, се подвлекува, е еден од приоритетите на Министерството за култура.

Од Министерството за култура апелираат до филмските работници да не потпаѓаат на шпекулации, на непроверени информации, невистини, манипулации и гласини.

„Агенцијата за филм има потишано договори за реализација на филмските проекти, а со тоа има преземено обврски кон бројни авторски тимови. Министерството за култура до крајот на годинава ќе ги сервисира сите потребни финансиски средства кон Агенцијата за филм, за истата да може непречено да ги извршува исплатите согласно своите договори“, информираа од Министерството.