Спрингфилд кидс – нов и ултра сладок член на Фешн груп семејството!
1695049655

Сакајќи секогаш да ви го овозможуваме најдоброто, сега во семејството имаме уште еден детски бренд кој буди детски насмевки и светкави очиња. Комбинации кои навистина прилегаат на детските возрасти, а сепак се тренди!

Токму пред стартот на есента, имате можност да се впуштите во една шопинг авантура со интересни дизајни, квалитетни и меки материјали и удобност која на децата им е потребна секогаш!

Детската колекција на Springfield е изобилство на секојдневни комбинации - спортски или оние малку покласични, но секогаш со нешто интересно и впечатливо.

џ

Во новата колекција момчињата можат да ги најдат новите омилени тренерки, дуксери, кошули, панталони, додека на девојчињата навистина ќе им биде тешко да одберат помеѓу интересните блузи, впечатливите фустанчиња, јакнички и маички.

Ако сте од оние родители што размислуваат однапред и сакаат да бидат подготвени за постудените денови предвреме, да ве израдуваме дека во оваа колекција на Springfield Kids ќе најдете и топли јакни и капутчиња.

  џ

Ве покануваме семејно да ја посетите продавницата на Springfield во Сити мол и заеднички да одберете како ќе го разубавите дополнително есенското секојдневие на вашите најмили! Подгответе се за нова супер модна авантура.

ц

Сигурни сме дека веќе ви ја поттикнавме љубопитноста, па ако не можете да издржите за да ги видите сите парчиња, да ве израдуваме дека веќе се достапни и на нашата онлајн продавница и апликација Fashion Group! Направете си листа или пак дозволете да бидете позитивно изненадени од најмеките детски парчиња! Ве чекаме!

                                                                                                                      Комерцијален текст