Што ѓубре дреме меѓу убавите коли...
1695043470

Како оваа фотографија на која се гледаат две убави и чисти возила, а меѓу нив ѓубре на квадрат, односно на кубик.

Но, еве ја и информацијата од ЈП Комунална хигиена:

„Екипите на претпријатието отстранија дваесетина диви депонии лоцирани во општините Аеродром, Центар, Ѓорче Петров, Чаир и Карпош. Во општината Аеродром, активностите се одвиваа на улицата Венијамин Мачуковски и булеварот Видео Смилевски-Бато, во општината Чаир се расчистуваа дивите депонии на улицата Методија Митевски, додека во општината Центар беше отстранет непрописно одложен отпад на улицата Кирил и Методиј и во реонот на скопското Теќе. ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на викендот отстрани и неколку диви депонии лоцирани во населбите Козле и Трнодол во општина Карпош, како и на повеќе локации на главната улица во општината Ѓорче Петров.