Вучиќ: На Ескобар во лице ќе му кажам што мислам за неговата изјава за мешање во формирање на црногорската влада
Фото: ЕПА
1695039452

Вучиќ за телевизија Пинк наведе дека Ескобар кажал дека, ако во владата на Црна Гора влезат оние партии кои водат антизападна политика, тоа ќе значи дека Црна Гора „подлегнала на притисок од друга земја, мислејќи на Србија“.

„Тој кажува дека никој не смее да се меша во тоа освен неговата земја (САД). Се надевам дека ќе го сретнам за во лице да му кажам што мислам за тоа“, кажа Вучиќ.