Унгарците го блокираат влезот на Шведска во НАТО: „Не ни треба таков сојузник“
Фото: ЕПА
1695038946

Турција и Унгарија сè уште не ја ратификувале кандидатурата на Шведска за придружување во западниот воен пакт. „Не ни треба сојузник кој има такво мислење за нас“, кажа Лазло Ковер. „Не е сигурно дека ќе гласаме за Шведска во НАТО“, истакна тој.

Тој реферираше на краткиот шведски образовен филм за ученици кој ја критикува состојбата на демократијата во Унгарија.

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто веќе испрати отворено писмо до шведскиот колега во кое истакнува дека се меѓусебно контрадикторни барањата унгарскиот парламент да го ратификува шведското членство во НАТО и нападот врз унгарската демократија.

Шведска и Финска аплицираа за НАТО минатата година по руската инвазија на Украина. Финска доби зелено светло во април, но Шведска ја блокираат Турција и Унгарија. Будимпешта кажа дека ќе го одобри шведското членство откако тоа ќе го направи Анкара.