Полицајци од Тетово и Штип ги подучуваа граѓаните како да се справат со кражби и измами и како спортски да навиваат
1695026026

„Во Тетово полицијата ги информираше и подучуваше граѓаните како да се заштитат од измами и кражби на своите имоти како и за неопходноста од благовремена комуникација со полицијата за побрзо расчистување на евентуалните случаи“, информираа од МВР.

Во Штип пак, во рамки на проектот „Да навиваме спортски и безбедно“, oтсекот за превенција пред спортската сала на основното училиште Тошо Арсов и Градскиот стадион во Штип спроведе превентивна активност.

„Во текот на активностите беа поделени летоци со едукативна содржина, а на граѓаните им беше укажано дека не смее да се истакнуваат транспаренти, знамиња и други предмети со текст или слики што поттикнуваат омраза и насилство и дека за својот клуб треба да се навива спортски. На граѓаните им беа презентирани и основните законски одредби за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревари“. соопштија од МВР.