Промоција на првата илустрирана книга за шах „Ајде да играме шах“ од Орце Данчевски 
1694662345

Промотор на книгата ќе биде реномираниот вокал, љубител на шахот и долгогодишна професорка која работи со талентирани деца во музиката Андријана Јаневска. Промоцијата ќе биде збогатена со продажна изложба на илустрациите нацртани и наменети за книгата од академските сликари и професори Игор и Викторија Егорови, а свој настап ќе има и актерската секција од училиштето чии членови ќе прочитаат стихови од книгата.  Книгата е спој на елементи од сликовница и енциклопедија, со што децата лесно ќе ја засакаат шаховската игра. Исто така во  септември стартува шахот како изборен предмет кај нашите првачиња  и вторачиња, па затоа преку оваа книга ќе им се даде поддршка на децата што побрзо да ја засакаат играта, а родителите да ги разберат  придобивките од оваа игра. Воедно наставниците ќе имаат одлично  помошно средство во наставата. Сакавме да биде забавна и за децата кои не знаат да читаат, па се разбира и за нивните баби, дедовци,  родители и повозрасни браќа и сестри, вели авторот.