Ким Џонг Ун пристигна во Русија пред очекуваната средба со Путин
Фото: ЕПА
1694500075

Официјалната новинска агенција на Северна Кореја соопшти дека Ким во неделата попладне се качил на својот личен воз од главниот град Пјонгјанг и дека бил придружуван од неодредени членови на владејачката партија во земјата, владата и војската.

Џеон Ха Гју, портпарол на Министерството за одбрана на Јужна Кореја, на брифинг рече дека војската на Јужна Кореја проценува дека возот на Ким преминал во Русија рано утрово. Тој не објасни како војската ја добила информацијата.

Севернокорејските државни медиуми покажаа фотографии на Ким како поминува покрај почесните гардисти и толпи цивили кои го држат националното знаме и цвеќиња, а исто така и како тој мавта од својот зелено-жолт оклопен воз пред ја напушти станицата. Во делегацијата на Ким најверојатно се неговиот министер за надворешни работи, Чое Сун Хуи, и неговите највисоки воени претставници, вклучително и маршалите на Корејската народна армија Ри Пјонг Чол и Пак Јонг Чон.