Јагуар Ленд ровер воведе петгодишна гаранција за сите нови модели на рејнџ ровер, дифендер и дискавери
1693826931

Новата гаранција се однесува на сите модели низ Европа и ја продолжува постоечката тригодишна гаранција за да обезбеди заштита до период од пет години или изминати 150.000 километри – според условот што прв ќе се исполни. Со тоа клиентите ќе бидат сеопфатно заштитени со гаранцијата и ќе продолжат да ги уживаат придобивките од сервисните услуги со највисок квалитет како никогаш досега.

Покрај тоа, клиентите на рејнџ ровер, дифендер и дискавери ќе уживаат и во поврзаноста со Инконтрол римоут за период од пет години или изминати 150.000 километри, што нуди поголема погодност и организира помош во итен случај – во склад со искуствата со модерен луксузен бренд што ЈЛР има намера да ги обезбеди.

Тригодишните гаранции се стандард во автомобилската индустрија, така што воведувањето на петгодишна гаранција покажува дека рејнџ ровер, дифендер и дискавери нудат многу повеќе за своите клиенти. Сите модели од секој од брендовите се покриени со новата петгодишна гаранција, вклучувајќи делумни хибриди и плаг-ин електрични хибриди, од 1 септември 2023 година.

Новите гаранции значат дека клиентите во куќата на JLR ќе го уживаат истото ниво на заштита, бидејќи и моделите на Jaguar имаат петгодишна гаранција од 1 јули 2022 година.

Продолжувањето на постоечката гаранција има цел да го подобри искуството на клиентите и сопствениците со овозможување сервисни услуги за време на гарантниот период, а во исто време да создаде услови како за физичките така и за правните лица транспарентно да ги пресметаат оперативните и трошоците за одржување за подолг период.

Новата петгодишна гаранција ќе го подобри искуството на сопствениците и влева надеж дека ќе има позитивно влијание врз преостанатата вредност на моделите на рејнџ ровер, дифендер и дискавери. Ова, за возврат, ќе обезбеди придобивки при рекламирање на користените возила. На долги патеки, поголемите преостанати вредности ќе ги намалат трошоците за поседување преку поттикнување подобри услови за лизинг и финансирање.

Продолжениот пристап за поврзување со Инконтрол римоут исто така е достапен од 1 септември за сите новорегистрирани модели. Тоа им овозможува на корисниците да имаат едноставна и интуитивна интеракција со своите возила, дури и на големо растојание. Апликацијата за паметен телефон може да се користи за проверка на преостанатото гориво и степенот на енергетско полнење, како и да се види дали вратите и прозорците се затворени или отворени. Инконтрол римоут ја оптимизира и програмата помош на пат и во случај на потреба автоматски испраќа итен повик.

Новата петгодишна гаранција на ЈЛР се применува на сите пазари во Европа од 1 септември, издигнувајќи го квалитетот на услугите на целиот континент.