Алкараз се повреди, Ѓоковиќ лесно победи и ќе игра финале на Ролан Гарос
Фото: ЕПА
1686330043

Дуелот кој требаше да биде спектакл го засени повредата на Карлос Алкараз во третиот сет по која Новак Ѓоковиќ лесно го финишираше мечот.

Првиот сет Ѓоковиќ го доби со 6-3, а во вториот Алкараз возврати со 7-5 и изедначи на 1-1. Во првите два сета гледавме голема борба и спектакуларен тенис.

Проблемите за Алкараз почнаа во третиот гејм од третиот сет кога Шпанецот побара медицинска помош, повредата не можеше да ја санира, таа го мачеше до самиот крај, па Ѓоковиќ лесно ги зема преостанатите два сета со по 6-1 и дојде до големата победа.

Ѓоковиќ за титулата на Ролан Гарос ќе се бори против победникот од дуелот меѓу Каспер Руд и Александер Зверев.

Доколку Ѓоковиќ го освои Ролан Гарос, тоа за него ќе биде 23. грен слем титула со која ќе го помина Надал и ќе биде осамен на врвот во оваа категорија.