„Полициски службеници од ЕВР Ѓорче Петров при СВР Скопје денеска го лишија од слобода П.Ј. (32) од Скопје поради основи на сомнение дека денеска околу 9 часот се обидел да изврши разбојништво во спортска обложувалница во скопско Волково. Кај П.Ј. се пронајдени пластичен пиштол и облеката што ја користел при вршење на кривичното дело. П.Ј. се сомничи и за други извршени разбојништва на подрачјето на Скопје. Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со надлежен јавен обвинител, ќе биде поднесена кривична пријава“, соопштија од МВР.

1686314304
Објавено на
9.6.2023 - 14:43