МЗТ Скопје вторпат го победи Пелистер, останува еден чекор до нов трофеј
1685563373

Скопскиот тим овојпат доминираше уште во првата четвртина кога со серија од 18-4 дојдоа до првата двоцифрена предност од 23-13, а потоа до крајот ја одржуваа и дојдоа до вториот триумф.

Војдан Стојановски со 23 поени беше најефикасен на натпреварот, Абдул Малик Абу постигна 15, а Мајк Кафи и Андреј Андоновски по 12. Во составот на Пелистер, Андреј Маслинко реализираше 16 поени, имаше и 10 скокови.

Третиот натпревар во кој МЗТ Скопје може да стане шампион ако го добие, се игра во недела во Битола.

Фото: МЗТ Скопје