Во сообраќајна несреќа на патот Охрид - Кичево едно лице загина, неколку се повредени
Фото Пиксабеј
1685561313

Центарот за управување со кризи од Охрид известува дека Територијалната противпожарна единица ТППЕ Охрид во моментот интервенира на случена сообраќајна несреќа на патниот правец Охрид-Кичево во близина на селото Арбиново.

Во сообраќајната несреќа има едно починато лице и неколку повредени лица кои со возило на Итната медицинска помош од Охрид се пренесени  во Специјална болница Св.Еразмо во Охрид.