Тројната планетарна криза и нејзиното афектирање на нашата држава, досегашната и идна соработка и одржливиот развој, беа теми на разговорите.
„Македонија е европско богатство на биолошка разновидност. Оттука присуството и ангажманот на УНЕП во Северна Македонија,е од големо значење. Еден од најголемите успеси на оваа Влада и УНЕП е прогласувањето на Шар Планина за национален парк, шест децении откога земјата го прогласи последниот национален парк“, рече Битиќи.
Посетата на Андерсен и тимот на УНЕП доаѓа во критичен момент не само во Македонија, туку и на глобално ниво, бидејќи оваа година се спроведува среднорочно ревидирање на спроведувањето на агендата 203 и целите за одржлив развој што ги покрива прашањата на Тројната планетарна криза.
Во соопштението од средбата се вели дека вицепремиерот Битиќи во својство на лидер на процесот за имплементација на одржливиот развој, информирал дека Македонија е во фаза на подготовка за Самитот на целите за одржлив развој, кој овој септември ќе се одржи во Њујорк во рамките на Генералното собрание на Обединетите нации.
„На средбата, вицепремиерот Битиќи рече дека во УНЕП гледа еден партнер за нова соработка во однос на транзицијата кон ниски емисии и климатски отпорна економија, вклучително и адаптација во просторното планирање и климатски отпорна инфраструктура.
Ингер Андерсен од нејзина страна изрази благодарност за посветеноста на Владата на Северна Македонија за проактивното вклучување во справувањето со еколошките предизвици, особено во контекст на Тројната планетарна криза.
'Разговаравме за напорите на Владата на Северна Македонија да се справи со итните прашања за климатските промени, губењето на биолошката разновидност и загадувањето, кои заедно претставуваат голема закана за нашата планета и за нејзините жители. Посветеноста и лидерството што ги покажа вашата администрација во овој поглед не останаа незабележани и ја пофалуваме вашата посветеност за одржлив развој и за благосостојбата на сегашните и идните генерации', рече Андерсен.
Потсекретарот на Обединетите нации, Андерсен, истакна дека УНЕП успешно ја поддржа македонската Влада во програмите за заштита на животната средина како што се прогласувањето на Шар Планина за национален парк, ревалоризацијата на Охридското Езеро заедно со напорите за спас на неговиот статус на УНЕСКО, како и помошта за постигнување одржливо управување. на природните ресурси и сите еколошки приоритети.
'УНЕП е подготвен да ја поддржи Владата на Северна Македонија и е посветен на обезбедување техничка експертиза, совети за политики и поддршка за градење капацитети за понатамошно унапредување на одржливиот развој и зачувување на животната средина во земјата', рече Андерсен.
Постојаната координаторка на ОН во Северна Македонија, Росана Дуџак, изрази задоволство од соработката помеѓу Владата и агенциите на ОН за адресирање на предизвиците поврзани со животната средина, преку посветен ангажман за зачувување на биодиверзитетот, намалување на загаденоста на воздухот, адресирање на климатските промени, ризиците од катастрофи и опасен отпад.
'Постигнатите резултати вклучуваат зголемување на територијата под заштитата на 14% од националната територија, амбициозна заложба за намалување на емисиите на стакленички гасови за 53% до 2030 година и вклучување на аспектите за животна средина и климатски промени во предучилишното и основното образование,' рече Дуџак и изрази надеж дека заложбите на земјата за адресирање на Тројната планетарна криза ќе бидат реафирмирани на Самитот за Целите за одржлив развој во 2023 и ќе се вклучат во Националната развојна стратегија со цел да се забрза одржливиот развој до 2030 година и понатаму.
Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова наведе дека партнерствата во животната средина ги смета за исклучително важни и ги истакна очекувањата поддршката на УНЕП да продолжи и во наредниот период, особено во адресирање на Тројниот планетарен предизвик за намалување на влијанијата на климатските промени и зголемена отпорност кон истите, намалување на загубите на биолошката разновидност и намалување на загадувањето на водите, воздухот и почвата.
'Од голема помош би била усогласеноста со предизвиците на евроинтегративните процеси во Поглавјето 27 - Животна средина и клима, имплементацијата на Зелената агенда, како и прекуграничната соработка и регионалниот пристап во заштитата на заедничките екосистеми со соседните земји', рече Шукова“, се наведува во владиното соопштение.