На 10 дена пред крајот на учебната година петтодделенците добија учебник по македонски јазик
1685506598

Откако цела година им диктираа, им принтаа материјали, конечно стигна и учебникот. само неколку дена пред крајот на учебната година. „Зошто воопшто за една недела трошеа пари да ги испечатат. Да се брои дека имало учебници?! Нека ги зачуваат за следната година“, коментираат родителите.

„Да се добие учебник на две недели пред крајот на школската година е навистина жалосно и е противзаконски. Ние имаме Закон за учебници и наставни материјали каде што точно е дефинирано кога се објавува оглас за учебник, кога авторите треба да ги пријават своите дела и кога тој се печати“, вели Драгана Спасевска од иницијативата Учебници и настава мора да има.

Дел од училиштата сè уште ги немаат добиено учебниците.