Претпладне сончево, попладне нестабилно
1685216879

Во Скопје времето претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Дневните температури ќе бидат во Скопје 26 Целзиусови степени, Маврово 18, Охрид 23, Битола 24, Крива Паланка 22, Берово 21, Кавадарци 27, Дојран 28.