Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер со дневна температура до 27 Целзиусови степени. Маврово 17, Охрид и Битола 22, Крива Паланка 23, Берово 20, Кавадарци 26, Дојран 27.
Утре претпладне ќе имаме умерена облачност, а од пладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има и невреме со услови за изолирана појава на град.
Во Скопје претпладне умерено облачно, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневните температури ќе се движат од 17 до 27 степени.