Претседателите на Ерменија и Азербејџан се скараа пред Путин
Фото: ЕПА
1685040683

Азербејџанските активисти го блокираа преминот на тој пат од средината на декември, а Пашинјан смета дека тој мора да биде под контрола на руски мировници. Во меѓувреме, Баку постави контролен пункт на коридорот. „За жал, Азербејџан го блокираше тој коридор“, рече Пашинјан за време на тркалезната маса на Евроазискиот економски совет во Москва.

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев одговори: „Азербејџан не блокираше никаков коридор. Нема потреба да се користи оваа платформа за неосновани обвинувања“.

Двајцата лидери потоа се расправаа неколку минути, додека Путин не се вклучи, велејќи дека се работи за чувствителна тема. Подоцна Путин треба да одржи трилатерални разговори со лидерите на двете земји.

„Сега ќе имаме можност, како што се договоривме, да разговараме за сè мирно, на деловен начин на трилатерален формат и се надевам дека ќе постигнеме некои договори кои ќе ја променат ситуацијата не само меѓу Ерменија и Азербејџан, туку и во регионот, кон патот на конструктивен развој“, рече Путин.

„Ве уверувам дека тоа е интерес на сите овде, на апсолутно сите“, додаде тој.

Ерменија и Азербејџан се во конфликт веќе три децении и водеа две војни за Нагорно Карабах. Во последните месеци, двете страни изразија зголемена подготвеност да потпишат постојан мировен договор, но судирите продолжуваат.