„Мислам дека тоа што се случува во Арачиново се работи кои мора да се расчистат меѓусебно, затоа што меѓусебните конфликти коишто ги имаат лица од иста политичка провиниенција и лица со исти интереси не смее негативно да се одразува на граѓаните, на работата на Општината, во смисла на функционирање и на потребите и остварување на потребите на граѓаните на Арачиново. Ние од наш аспект преземаме низа мерки кои значат да им помогнеме во овој дел, но тие 'должничко-доверителски односи', кои ги имаат внатре од секаков аспект со тоа што располагаме како полиција ќе мора да ги расчистат и да покажат дека приоритет се граѓаните на Арачиново. Мене ми е жал што Општината повторно се враќа во некое време во кое немаше никаква функционалност и не се решаваат ниту еден од проблемите кои се на граѓаните“, изјави Спасовски по средбата со Одделот за воздухопловни единици при МВР што се одржа во Идризово.

1685019159
Објавено на
25.5.2023 - 15:00