573 казни за брзо возење напишаа вчера сообраќајните полицајци
1685013573

Од нив, 38 возеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возачи возеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 287 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 286 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, предупредуваат од МВР.