Со мотор удрил во полициско возило и повредил полицаец
1685009578

Тој се сомничи дека на крстосницата од  булеварите „Партизански одреди“ и „Св.Климент Охридски“, управувајќи мотоцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, не застанал на даден знак за запирање од страна на полициски службеници и удрил во патничко возило „дачиа“, сопственост на МВР, по што го напуштил местото. Во незгодата повреди добил полициски службеник, по што бил пренесен во ГОБ „Св.Наум Охридски“ за укажување лекарска помош.

Л.В. е приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти МВР.