Борел го критикуваше апсењето на американскиот новинар; Захарова: Заземи се и за Асанж, чисто за рамнотежа
Фото: ЕПА
1680264999

Борел кажа дека ЕУ го осудува притворањето на новинарот и американски граѓанин и дека новинарите би требало да можат слободно да ја вршат својата работа. Захарова на тоа му порача: „Застани зад своите зборови, Жосеп, заземи се за Џулијан Асанж и Марат Касем. Чисто за рамнотежа“.

Асанж, основачот на Викиликс, е во строго обезбедуван затвор во Лондон и води долга правна битка за да избегне екстрадиција во Соединетите Американски Држави, кои сакаат да го осудат за тоа што на Викиликс објави над 700.000 доверливи документи за активностите на американската војска, особено во Ирак и Авганистан, како и за извршени злосторства.

Касем, главниот уредник на литванското издание на Спутник, новинскиот портал поддржан од Кремљ, заврши во јануари во притвор во Литванија.