Еден убиен во пукањето во Капиштец
1680249212

Полициски екипи веќе се на терен и се работи на откривање на деталите што точно се случило.

Според информациите на МКД.мк, пукотницата се случила пред казино, околу кое има и многу други дуќани, во кои жителите од овој дел на Скопје токму рано наутро одат да ги испазарат секојдневните намирници.

Од МВР велат дека нешто по осум часот било пријавено пукање во близина на Млечниот ресторан и дека полициски екипи се веќе на терен. 

Повеќе детали за утринските пукотници најавуваат за подоцна во текот на денот.