Нов инцидент над Црно Море: Су-27 се обидел да урне украински дрон (ВИДЕО)
Фото: ЕПА
1679314341

Видеото е објавено пет дека откако два руски „сухои“ соборија американски дрон ем-кју-9 во водите на Црно Море.

Турските медиуми јавуваат дека и овој инцидент се случил над водите на Црно Море.

На снимката се гледаат два обиди за уривање на дронот бајрактар ТБ2. Не е јасно дали два обиди ги извршил истиот борбен авион или, како во случајот со американскиот дрон, станува збор за два ловци.

Во двата обиди дронот сериозно се тресе, но успева да ја задржи својата позиција и висината, која е над 5 километри.

Турски експерти сугерираат дека дронот не се урнал бидејќи, за разлика од нападот на американскиот дрон, во овој случај рускиот ловец не успеал да го оштети задниот пропелер на леталото.