„Ова е пријатно изненадување од грчкиот правосуден систем. Сега се надеваме дека ќе отвориме повеќе вакви училишта за македонски јазик и конечно македонскиот јазик да стане дел од образовниот систем во Егејска Македонија и новите генерации да го учат македонскиот јазик. Му благодариме на грчкиот судски систем за оваа правична одлука“, коментираат Македонците од Грција по социјалните мрежи.
Против регистрацијата на невладината организација Центар за македонски јазик, во декември 2022 во Лерин се одржа протест на припадници и симпатизери на неофашистичката и ултранационалистичката Златна зора. На протестот дојдоа и членови на Комунистичката партија кои го бранеа правото на Македонците од северна Грција да го изучуваат мајчиниот јазик.
Центарот за македонски јазик во Грција е новоформирана невладина организација која во судот во Лерин беше регистрирана во јули 2022, а целта е да се заштити и промовира македонскиот јазик во Грција. Центарот одржуваше бесплатни онлајн курсеви по македонски јазик за почетници.
А.Д.