Заврши средбата Вучиќ - Курти со посредство на ЕУ, уште не е објавено каков е епилогот
1679174524

                                                                                                                                            Фото: Петер Стано

Портпаролот на ЕУ Петер Стано на својот Твитер профил потврди дека состаноците се завршени и дека високиот претставник за надворешни работи и безбедност Жосеп Борел накратко ќе се обрати на печатот.

Трилатералната средба започна по 15 часот, имаше две паузи, а новинарите за целото време не добија никаква официјална информација поврзана со содржината на преговорите. Одвоени средби претходно имаа српскиот и косовскиот лидер.