Меѓу новинарските екипи се прошири непроверената информација дека можеби вечерва нема да има никаков епилог и дека разговорите ќе продолжат утре. Taквата информација се засили и со гласината дека шефот на европската дипломатија Жозел Борел се јавил во Брисел за да најави дека авионскиот лет планиран за доцна вечерва нема да биде реализиран, како и дека екипажот на авионот на српскиот претседател ќе замине на спиење.
Откако претпладнево имаа поединечни состаноци српскиот претседател и косовскиот премиер со шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, и со специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак, тие седнаа на трилатерална средба. Првиот сет од неа траеше повеќе од еден час по што беше направена пауза. Од паузата па до вечерва нема информации поврзани со суштината на разговорите, ниту пак дали вечерва воопшто ќе има изјава за новинарите. Како што беше претходно најавено, се очекуваше прв да излезе пред новинарите Борел со изјава, без новинарски прашања.