Нов хет-трик на Халанд, Манчестер Сити му даде шест гола на Барнли (ВИДЕО)
1679169077

Лидерот на Чемпионшип не беше достоен противник за Манчестер Сити кој ја наполни нивната мрежа. Ова беше и враќање на Винсент Компани на Етихад.

Во првото полувреме Халанд за три минути даде два гола и донесе водство за Манчестер Сити од 2-0.

По 15 минути игра во второто полувреме Халанд даде уште еден гол и стави крај на сите дилеми околу победникот, Манчестер Сити поведе со 3-0.

До крајот на мечот Алварез даде два гола и Палмер еден за победа од 6-0.